КУШЕВСКИ, Воислав (с. Тработивиште, Делчевско, 28. Ⅶ 1921 – Скопје, 3. Ⅰ 1999) – историчар, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Завршил учителска школа во Скопје (1941) и едногодишен курс за предавачи по ис-Воислев Кушевски торија и по географија (1946). Бил инспектор по историја за средните училишта (1949– 1959), директор во средни училишта и предавач на ВПш „Климент Охридски“. Асистент на Филозофскиот факултет (од 1959), предавач по предметот Методика на наставата по историја (1961). Докторирал (1965) на тема „Македонија пред Друштвото на народите“. Бил избран за доцент (1967), вонреден (1972) и редовен професор (1977). Бил продекан на Филозофскиот факултет. Истражувал во повеќе архивски центри во земјава и во странство. БИБ.: ВМРО(Обединета) спрема поставувањето на македонското прашање пред Друштвото на народите, Историја, 1, Скопје, 1985; Грчки дипломат за македонскиот јазик, „Прилози“, ЏЏИИ, 2, Скопје, МАНУ, 1991; За дејноста и улогата на ВМРО на Тодор Александров и Иван Михајлов во врска со поставувањето на македонското прашање во Друштвото на народите (1920–1934), зб. „Сто години од основањето на ВМРО и 90 години од Илинденското востание“, Скопје, 1994. ЛИТ.: Димитар Димески, Воислав Кушевски (ин мемориам), Историја, ЏЏЏВИ, 1–2, Скопје, 2000. В. Ѓ.