КРЏАЛИИ – муслимански одметници во Османлиската Империја што се јавиле на преминот од ⅩⅤⅠⅠⅠ во ⅩⅠⅩ в. Противниците на централната власт, крупните ајани и паши во Румелија, ги најмувале за борба против султанските војски. Во Македонија посебно се прошириле на Родопските Планини, шар Планина, Скопска Црна Гора, Пљачковица и Огражден. Групирани во големи дружини, добро вооружени и опремени со коњи, тие молскавично напаѓале села, градови, чифлици, манастири, а потоа брзо се повлекувале. Биле активни до крајот на првата деценија од ⅩⅠⅩ в. ЛИТ.: С. Новаковић, Турско царство пред Први српски устанак, Београд, 1906. Др. Ѓ. Ксеркс И