КРАТЕР

КРАТЕР (Кратерос) (ок. 370 – Мала Азија, 321 пр. н.е.) – македонски војсководец, близок соработник и учесник во сите поголеми битки на Александар Ⅲ Македонски. Не го прифатил персискиот начин на облекување и обичаен живот. Како особено доверлив на својот крал, му била доверена задачата да врати во татковината 10.000 македонски воени ветерани и да го преземе од Антипатар управувањето на европските делови од Империјата (324 пр. н.е.). По смртта на Александар Ⅲ Македонски, извршувал највисоки должности во државата, а учествувал и во борбите помеѓу дијадосите (321 пр. н.е.). Се определил за страната на коалицијата Антипатар, Птолемај, Антигон и Лисимах против Пердика и Евмен. Загинал во борба против Евмен во Кападокија. Кога Евмен дознал за неговата смрт, му приредил достоен погреб, а неговата пепел ја испратил во Македонија. ИЗВ.: Арриани, Анабасис, Липсиае, 1907; Љ. Цур-ти Руфи, Хисториарум Алеџандри Магни Мацедонис, Липсиае, 1893; Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896; Плутарцхи, Витае Паралеллае, Липсиае, 1921. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. К. М.-Р.