КОСТИМОГРАФИЈА – . уметничка дисциплина во која се дизајнираат и се изведуваат костими на артистите за театарска или филм-ска претстава. Во костимографијата се вклучува и правењето маски, шминката и други специфични форми. Во Македонија со костимографија се занимаваат и Л. Грабул, Б. Мицевски, Љ. Ристовска, М. Папучевска, Н. Ефремов, А. Ношпал, Л. Георѓиева и Ѓ. Здравев. Во 2006 г. во Скопје е отворена Италијанска школа за формирање кадар за костимографија. Ал. Цв.