КЛУЧКА ХИПОДРОМ –. некропола со горени покојници од самиот преод кон железното време (XI в. пр. н.е.). Се наоѓа на источната периферија на Скопје, откриена при градежни работи за изградба на автопат. Досега е истражен само дел од неа, со вкупно 11 гробови. Ритуалот на погребувањата подразбира кремирање на покојниците во рамките на некрополата и полагање на изгорените останки во садови – урни, најчесто покриени со други садови како капаци. Урните биле вкопувани и заградувани со конструкции од аморфни камења. Меѓу прилозите се откриваат форми од севернобалканско потекло (на пр., канелирана керамика), како и форми од егејско потекло, како што е микенскиот шлем од забипесјаци од дива свиња. Некрополата е засега единствена од тој вид и е манифестација на ширењето на т.н. културна група Доња Брњица кон југ. ЛИТ.: Д. Митревски, А Брнјица Тѕпе Нецрополис неар Скопје, „Старинар”, ЏЛИИИ-ЏЛИВ, Београд, 1994; Д. Митревски, Протоисториските заедници во Македонија, Скопје, 1997. Др. М. Пандо Кљашев со четата КЉАшЕВ, Пандо Наков (с. Смрдеш, Костурско, 29. IX 1882 – с. Дреновени, Костурско, 1. Ⅷ 1907) – учител, револуционер, војвода, учесник во Илинденското востание. Се школувал во Солун и во Битола. Бил во четата на Марко Лерински (1901). Учествувал на Смилевскиот конгрес (1903). Бил член на Горското началство на Костурскиот револуционерен реон, се борел во Костурско-леринскиот регион. Бил член на Битолскиот окружен комитет (1906). Во борба со османлиските војски кај с. Дреновени (Костурско) бил тешко ранет и се самоубил. Оставил спомени за својата револуционерна активност. ИЗВ.: Освободителните борби в Костурско. Спомени на Пандо Кљашев, София, 1925. В. Ѓ. Никола Кљусев