КЛЕОПАТРА

КЛЕОПАТРА Ⅶ (Клеопатра) (69 – 10. Ⅷ 30 пр. н.е.) – египетска кралица од македонско потекло, последен владетел од македонската династија на Птолемаидите, ќерка на Птолемај Ⅻ. Првин владеела со Египет заедно со брана предводниците Гај Јулиј Кајсар и Гај Помпеј, таа го помогнала Помпеј со бродови, војници и храна (49 п.н.е). Насилно била симната од престолот од приврзаниците на нејзиниот совладетел Птолемај ⅩⅠⅠⅠ, но по неговиот пораз од римскиот војсководец и државник Гај Јулиј Кајсар, со негова помош успеала пак да го врати престолот со совладетелот Птолемај ⅩⅣ (почетокот на 47 пр. н.е.). Од брачната врска со Кајсар го родила синот Птолемај Кајсар (Кајсарион). По смртта на Кајсар (44 пр. н.е.), во граѓанската војна во римската држава се приклонила кон римскиот војсководец и државник Марк Антониј. Заедно со него се спротиставила на идниот прв рим-ски цар Октавијан Август. Но во битката кај Актиј (31 пр. н.е.) претрпеле тежок пораз. За да го одбегне срамот од водењето во Рим во знак на триумф, се самоубила, дозволувајќи да ја гризне змија отровница. Тоа бил и крајот на постоењето на египетската хеленистичка држава на Птолемаидите. ИЗВ.: Плутарцхи, Витае Паралеллае, Липсиае, 1921; Ц. С. Транљуилли, Де вита цаесарум, Липсиае ин аедибус Б. Г. Теубнери, МДЦЦЦЏЦИ. ЛИТ.: Г. Х. Мацурдѕ, Хелленистиц Љуеннс, Балтиморе, 1932; Р. Д. Сулливан, Неар Еастерн Роѕалитѕ анд Роме, 100–30 БЦ, Торонто, 1990; Х. Волкманн, Цлеопатра: А Студѕ ин Политицс анд пропаганда, Транс. Т.Ј. Цадоуџ, Лондон, 1958. К. М.-Р. КЛЕПА – средновисока планина, се протега јужно од Велес. Од запад, север и исток е ограничена со долините на реките: Изворштица, Бабуна и Вардар, а на југ со Јасеновачка Глава (1.110 м), планината Руен и долината на Црна Река. Највисок врв е Клепа (1.149 м), кој претставува вулкански нек, а други поистакнати врвови се Ветерско (1.080 м), Гезавица (921 м) и др. Геолошкиот состав е претставен со варовници помеѓу кои на места избиваат кристалести Средновисоката планина Клепа шкрилци. Клепа е обесшумена планина, а само на осојните страни и на повисоките делови се јавува дабова шума. Другиот дел е со сиромашни пасишта. Т. Анд.