КАРСТ ВО РМ

КАРСТ ВО РМ – комплекс специфични морфолошки облици и хидролошки појави во карбонатните области. Облиците на релјефот во карстот се претставени со затворени депресии со различни димензии кои му даваат посебен изглед и физиономија. Втора одлика на карстот е неговата хидролошка противречност: голема безводност на површината, а богатство со вода во внатрешноста на варовничките маси. Името карст е интернационален термин со словенско потекло и означува камен, карпа. Карстните терени во РМ зафаќаат површина од околу 2.440 км² или 9,6% од територијата на нашата држава. Карбонатните кар-Цртеж од боиштето на Австро-турската војна (1683-1699) Карст на Кожуф Панина пи иако ги има скоро во сите делови на РМ се нерамномерно распространети. Најмногу е застапен во Западномакедонската и во Вардарската зона и во Пелагонискиот хорст антиклинорум. Најпознати планински подрачја во кои доминираат карбонатните карпи, а со тоа и карстниот релјеф се: Бистра (2.163 м), Јакупица (2.540 м), Галичица (2.288 м), Же-ден (1.259 м), Сува Гора, Караџица, Буковиќ, Поречкиот басен, изворишниот дел на Црна Река, долината на Радика. Помали карстни оази се застапени во Вардарската зона: Таорска Клисура, Велешка Котлина, Демир Капија, Кожуф и др., а карстот најмалку е застапен во источните делови на РМ, во планините Плачковица и Влаина. Староста на карбонатните карпи е различна. Тие се различни и во поглед на хемискиот состав, дури и на мало пространство. Поради тектонските движења варовниците се силно набрани, раседнати и израспукани, така што тоа влијаело и врз хидрографската мрежа. Во карстните терени на РМ се развиени специфични површински и подземни релјефни облици кои го претставуваат карстниот релјеф. Од површинските карстни форми се развиени шкрапи, вртачи, ували, карстни полиња, скарстени долови. Најголемо карстно поле во РМ е Церско Поле со 45 км². Подземните карстни облици се претставени со пештери и пропасти. Најпознати пештери се: Ѓоновица на планината Буковиќ, Слатински Извор во Поречје, Бела Вода во Демир Капија, Алилица на Бистра и др. Површинските и подземните карстни облици се настанати со карстна – хемиска ерозија, односно со растворање на варовниците од атмосферските врнежи, а најинтензивна е по должината на пукнатините. Во карстните области површинските текови се ретки, а се јавуваат понорници и скарстени долини, па наместо површинска се јавува подземна циркулација и подземни речни текови. Подземната вода избива на површината во вид на силни извори или кладенци кои се јавуваат во подножјето на варовничките отсеци, на дното од долините, како изворите Вруток, Рашче, Студенчица, Вевчанските Извори и др. Карстните терени во РМ се сиромашни и со плодно земјиште, па затоа се и слабо населени. Во високопланинските карстни области на Галичица, Јакупица, Бистра, Сува Гора се наоѓаат пространи пасишта, но нивното користење е условено со обезбедување вода. ЛИТ.: Т. Андоновски, Преглед на подземни карстни облици во СР Македонија, „Ⅷ Спелеолошки Југословенски Конгрес”, Београд, 1981; Д. Колчаковски, Спелеоморфолошки карактеристики на карстниот релјеф во Р. Македонија, „Географски разгледи”, кн. 36, Скопје, 2001. Т. Анд. КАРТА НА ПРИРОДНА ПОТЕНЦИЈАЛНА ВЕГЕТАЦИЈА