КАРАЏИќ, Вук Стефановиќ (Тршиќ, 1787 – Виена, 1864) – српски филолог, етнолог, фолклорист, историограф, лексикограф, преведувач и творец на современиот Планината Караџица Вук Караџиќ српски литературен јазик и правопис. Најпознат собирач и публикувач на српското усно народно творештво. Прва збирка му е „Мала простонародна словено-српска песнарица” (1814). Без јасна претстава за балканските народи и јазици, запишува народни умотворби и од печалбари од Разлошко, па во „Народна српска песнарица” (част втора, у Виени, 1815) е објавена првата македонска народна песна („Не рани рано за вода, доз белолико”), но наречена „Песна Бугарска”. Македонски јазичен и фолклорен материјал објавува и во „Додатак к Санктпетербургским сравнитељним рјечницима свију језика и нарјечја, с особитим додатком бугарског језика”, кој излегува во „Новине Српске” (1821 и 1822), издаден и како посебна книшка (Виена, 1822), а интеграл-но препечатен во Скупљени граматички и полемички списи Вука Ст. Караџийа (Београд, 1894). ЛИТ.: Харалампие Поленаковиќ, Вук Стефановиќ Караџиќ и македонската народна песна, во кн.: Студии од македонскиот фолклор, Скопје, 1973, 71–81; Блаже Ристовски, Новите пет книги „Српске народне пјесме из необјављених рукописа Вука Стефановийа Караџийа”, во зб.: Македонскиот фолклор и националната свест. Истражувања и записи, И, Скопје, 1987, 336–344; Марко Китевски, Прилози за македонскиот фолклор, Скопје, 1989, 177–198. Б. Р.-Ј.