КАЛЕШИ, Ахмед Хасан (Ахмед Хасан Калесхи) (с. Србица, Кичевско, 7. Ⅲ 1922 – Белград, 1976) – унив. професор, ориенталист и преведувач. Основно образование завршил во родното место, а средно училиште во Приштина. За време на Втората светска војна работел како преведувач. Во 1946 г. се запишал на Филозофскиот факултет во Белград, на одделот Ориенталистика и рома-Ахмед Хасан Калеши нистика. Од 1947 до 1950 г. работел како преведувач и лектор во Редакцијата на албански јазик во Радио Белград, а потоа како професор во средно училиште и како асистент на Катедрата за ориентална филологија во Белград (1955). Докторирал на ФилозофВештачката акумулација Калиманци скиот факултет во Белград на тема „Најстари вакуфски документи из Македоније на арапском језику“. Во 1965 г. престојувал на Универзитетот во Хамбург, каде што специјализирал туркологија кај познатиот професор Аннемарие вон Габаин. Во 1967 г. три месеци престојувал како гостин во научните институции во Каиро, каде што заедно со Камил ел Бухајин го подготвил големиот српскохрватско-арапски речник. Бил избран за виш стручен соработник во Албанолошкиот институт во Приштина (1967), а потоа за редовен професор на Филозофскиот факултет во Приштина (1970). Во академската 1973/74 г. по негова иницијатива за првпат е отворена Катедрата по ориенталистика на Приштинскиот универзитет. Бил соработник и почесен член на неколку светски научни институции и академии (Каиро, Софија, Готинген, Хамбург и др.). Објавил повеќе од 400 библиографски единици. БИБ.: Најстарији вакуфски документи у Југославији на арапском језику, Присхтинш, 1972; Једна арапска вакуфнама из Охрида, из 1491 године, „Прилози за ориенталну филологију”, Ⅻ-ⅩⅠⅠⅠ, Сарајево 1962/63; 1965; Кој е градител и кога е изграден Куршумли Ан во Скопје, Гласник на ИНИ, ⅩⅤ, 3, Скопје, 1971, 189–201. ЛИТ.: Риза Садику, Хасан Калесхи Јета дхе Вепра, монографи, Схкуп, 1996; Љани Мемеди, Библиографи селективе е пунимеве тш проф. др. Хасан Калесхит, „Јехона”, ИВ, Схкуп, 1976, ф. 235. А. П.