ИЛИЕВСКА, Красимира (Скопје, 1. Ⅳ 1950) – филолог, редовен проф. на Фил. ф. (Катедра за славистика). Предмет на научни истражувања: историја на јазикот, историска ономастика, средновековна правна литература, јазици во контакт, меѓујазична интерференција, методика на наставата, формирање на говорниот израз кај малите деца, прашања од областа на руската граматика и лексикологија. Магистерска теза – „Топонимите во Македонија во ⅩⅠⅠⅠ и ⅩⅣ в. според хрисовулите на Горг Скопски”, а докторска теза – „Мазуринската крмчија”. Ав-тор е на околу сто статии во спи-Красимира Илиевска санија и зборници. Преведува и препејува од руски на македонски јазик. БИБ.: А. С. Грибоедов, Од многу ум (препев), Скопје, 1974; Во очекување на „големиот живот”, Скопје, 1998; Мазуринска крмчија, јазична анализа. Стари текстови, Ⅵ, Скопје, 1999; Мазуринская кормчая, памятник межславянских културних связей ⅩⅣ – ⅩⅤⅠ вв., издание приготовили: Е. Белякова, К. Илиевска, О. Князевская, Е. Соколова, И. Старостина, Â. Цапов (редактор), Москва, 2002, 853 + 24 стр.; ЗаконЉ соуднЏи л2дљмЉ, МАНУ, Скопје, 2004. Е. Ј.-У.