ЗДРАВЕВ, Ѓорѓи Димитров (Радовиш, 2. Ⅳ 1941 – Скопје, 7. Ⅰ 2007) – костимограф, магистер по применета уметност и доктор на науките по етнологија, истражувач на текстилната народна орнаЃорѓи Здравев ментика и унив. професор. Дипломирал (1967) и магистрирал на Факултетот за применета уметност во Белград на тема „Племићки костим у Македонији у ⅩⅣ и ⅩⅤ веку на основу зидног сликарства” (24. Ⅵ 1972). Докторирал на Филозофскиот факултет во Белград на тема „Социјалните и естетските аспекти на македонските народни носии” (29. Ⅴ 1991). Беше асистент, научен и виш научен соработник – истражувач на текстилната народна орнаментика во Институтот за фолклор во Скопје (1. IX 11969 – 5. Ⅱ 1973 и 1. Ⅷ 1974 – 30. IX 1992) и в.д. директор (9. Ⅵ 1975 – 8. IX 1975 и од 1. Ⅶ 1978 – 15. Ⅲ 1979), а потоа професор на Факултетот за ликовна уметност и во Заводот за етнологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Ав-тор е на околу 90 статии и други прилози, уметнички слики и таписерии, како и на околу 100 костимографски проекти за театарски претстави, ТВ филмови и неколку играни филмови. БИБ.: Народните тантели и сорки во Овчеполието, Скопје, 1975; Текстилното народно творештво и народната носија во Титоввелешко, Скопје, 1988; Македонски народни носии, И и Ⅱ, Скопје 1996 и 2007.ЛИТ.: 50 години Институт за фолклор. Библиографија на изданијата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков” – Скопје и на магистерските и докторските дисертации на соработниците 1950-2000. Подготвила Мирјана Анастасова, Скопје, 2000, 121-122, 139 и 146-148. С. Мл. Милка Здравева