ЗАГРОЗЕНИ РАСТИТЕЛНИ ВИДОВИ

ЗАГРОЗЕНИ РАСТИТЕЛНИ ВИДОВИ. Според категоризацијата на Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН), загрозените видови (Ендангеред) претставуваат категорија што се наоѓа под одредена закана, односно се соочуваат со висок ризик за исчезнување во природата и ги исполнуваат ИУЦН критериумите за Црвена листа. Покрај оваа категорија, според ИУЦН се разликуваат засегнати видови, видови исчезнати од природата, критично загрозени, невалоризирани, незасегнати, ранливи и видови без доволно податоци. Причините за нивно загрозување на територијата на Република Македонијасе најразлични, но најчести се антропогените влијанија: мелиоративните зафати, што доведоа до загрозување на голем број блатни растенија (Цареџ елата, Блатното растение Цареџ елата Ѓорче Петров, Никола Малешевски и Гоце Делчев во Софија Сенецио палудосус, Румеџ хѕдролапатхум, Ранунцулус лингуа, Цладиум марисцус, Опхиоглоссум вулгатум, Осмунда регалис и други), разорување на површини со халофитска вегетација заради добивање обработливи површини (загрозени –Цампхоросма монспелиаца, Суаеда маритима, Пуццинелиа цонволута, Црѕпсис ацулеатус, Аллиум маритимум, и др.), експлоатација на реликтни шуми (загрозени видови на родовите Љуерцус, Абиес, Пинус, и др.), потопување на клисури заради изградба на хидроакумулации (загрозени: Тхѕмус оехмианус, Виола косанинии, Силене паеониенсис и др.), рударски и геолошки активности (загрозени – Виола арсеница, Виола аллцхариенсис, Центауреа мармореа, Стацхѕс ива), неконтролирано собирање лековити растенија (загрозени – Сидеритис сцардица, Сидеритис раесери, Гентиана лутеа субсп. сѕмпхѕандра, Орцхѕс спп.) и др. Вл. М.