ЕДХЕМИЈА

ЕДХЕМИЈА – дервишки ред. Основан по смртта на Ибрахим бин Едхем од областа Белха, во Иран, кој живеел во Ⅷ в. Учењето им се состоело во тоа секој да живее од резултатите на својот труд, а смислата во животот да биде ширењето на исламот. Редот бил слабо присутен и во Македонија, каде што има зачувано гравури од ⅩⅤ и ⅩⅤⅠⅠ в., на кои се прикажани дервиши-едхемии. ЛИТ.: Александар Матковски, Отпорот во Македонија, 2, Скопје, 1983, 260-262; Глиша ЕлезовиÊ, Дервишки редови, „Јужна Србија”, бр. 44 и 45, Скопље, 1924; šслам ансиклопедиси, 120 цüз, šстанбул, 1970; Енцѕлопедиедел’ислам, ноувелле едитион, ливраисон 55-56, Леиден-Парис, 1969. Др. Ѓ. Еж