ДЕВРИОП

ДЕВРИОП – античка област во Горна Македонија, покрај р. Еригон (сп. Тит Ливиј), дел од Пајонија, со градовите Стубера, Алкомена, можеби г. Девриоп и др. (сп. Страбон, Стефан Византиски). Во римско време, по 167 г. пр.н.е., со поделбата на Македонија на четири области, Д. влегува во Ⅳ мерида. Епиграфските натписи од с. Чепигово и Бела Црква, југозападно од Прилеп, ја локализираат оваа област на северозападната граница што $ припаѓала на Пелагонија. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. А. шук.