ГРАНИТИ

ГРАНИТИ – длабински, кисели магматски карпи и во Земјината кора се појавуваат како крупни геолошки тела, обично батолити или штокови. По својата генеза можат да бидат И-типови, кога настануваат со диференцијација на базалтоидната магма во островските лакови и С-типови, кога настануваат како резултат на делумните топења на длабоките делови на континенталната кора. Гранитите се изградени од кварц, калиски фелдспат, лискуни и акцесорни минерали. Бојата им е различна и зависи од присутните минерали. Структурата им е најчесто зрнеста, но има и порфироидни вариетети. На територијата на Република Македонијасе широко распространети и ги има во сите геотектонски единици. По староста се појавуваат од преткамбриумот па до терциерот. Најстарите гранити се појавуваат во Пелагонискиот метаморфен комплекс и нивната старост изнесува околу 1 милијарда години, а најмладите се појавуваат во Вардарската зона и нивната старост изнесува околу 32 милиони години. ⅩⅤⅠⅠ Цонгресс оф Царпхатиан-Балкан Геологицал Ассоциатион, Братислава, 2002. Бл. Б. Сцена од документарниот филмот „Граница“