ГРАДСКИ ТРИГОНОМЕТРИСКИ МРЕЖИ во Македонија

ГРАДСКИ ТРИГОНОМЕТРИСКИ МРЕЖИ во Македонија – растечките потреби за реализација на сложените урбанистички и комунални зафати во градовите ја наметнаа потребата од развивање на многу поквалитетни основни геодетски мрежи, наречени град-ски тригонометриски мрежи (ГТМ). Концепциите за развивање, мере-ње и израмнување на ГТМ се содржани во Правилникот за државен премер Ⅱ-А, дел – градски тригонометриски мрежи; од 1956 г. ГТМ го опфаќаат подрачјето на поширокиот градски реон и се развиваат во вид на мрежа од триаголници, со должина на страните од 1 до 4 км, без меѓусебни дијагонални врски. Тие се проектираат во локален координатен систем, а потоа се вклопуваат во државниот координатен систем. Прва ГТМ е изведена во Скопје во 1959 г. Потоа, до 1968 г., на концепциски посовремен начин, се развиени ГТМ најнапред во Штип, Ох-рид и во Струга, а денес ГТМ имат речиси сите поголеми населени места во РМ. Р. Риб. ГРАДСКО – населба во Средното Повардарје. Се наоѓа од десната страна на р. Вардар, во близина на разурнатиот антички град Сто-Населбата Градско би, на надморска височина од околу 135 м. Преку него поминува меѓународниот пат Е–75 и меѓународната железничка линија СкопјеСолун. Има 2.219 ж. од кои 1.920 се Македонци, 215 ж. Бошњаци и 48 ж. Роми. Населението се занимава со лозарство и одгледување на раноградинарски култури. Г. е седиште на општина која зафаќа површина од 23.619 ха, има 16 населени места со 3.760 ж. Во селото постои осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.