ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – град во Пиринскиот дел на Македонија, Република Бугарија: 20.329 ж. (1992). Се наоѓа во северозападниот дел на Гоцеделчевската Котлина и под-ножјето на Пирин Планина на надморска височина од 500 м. Од 1950 г. го носи името на македонскиот револуционер Гоце Делчев, а дотогаш се викал Неврокоп. Климата е променетомедитеранска. Средната годишна температура изнесува 11,30°С. Северно од Г. Д., кај селата Баничан и Огњаново постојат термоминерални извори. Во Гоцеделчевската Котлина се простира гоцеделчевскиот јагленосен басен. Под името Неврокоп населбата за првпат се спомнува во 1482 г. При крајот на ⅩⅠⅩ в. во Неврокоп живееле 6.215 ж. Од нив 850 ж. биле Македонци, 5.000 ж. Турци, 190 ж. Власи, 110 ж. Евреи и 65 ж. Цигани. Најголем пораст на населението е забележан во периодот од 1975 до 1985 г. Тогаш бројот на жителите во градот се зголемил за 3.000. Во последните години бројот на населението е стабилизиран на околу 20.000. Главен дел од нив се Македонци. Од индустриските претпријатија значајни се: Заводот за електроника „М. Антонов”, Заводот за преработка на пластични маси „Пиринпласт”, фабриката за текстилна галантерија „Орбел”, дрвнопреработувачкото претпријатие „Г. Делчев”, претпријатието за преработка на тутун „Тутуневопром” и др. Во градот има туристичко друштво, два хотела, историски музеј, библиотека, споменици на Г. Делчев и П. Јаворов, три основни и две средни училишта и општа болница со повеќе одделенија. ЛИТ.: Р. Гинев, Град Гоце Делчев и покраината, Софи®, 1972 ; Град Гоце Делчев. Из миналото на града и района, София, 1988. Ал. Ст. Ансамблот „Гоце Делчев“ (1971)