ВАПЦАРОВА, Бојка

ВАПЦАРОВА, Бојка – публицистка, историчарка на литературата, дете на доселени Македонци од Егејскиот дел на Македонија, сопруга на поетот Н. Ј. Вапцаров. Завршила математика на Софискиот универзитет и едногодишна школа при Сојузот на бугарските журналисти. Со сопругот се запознала на соборот во с. Бараково (28. Ⅷ 1932) и стапиле во брак на 11. Ⅱ 1934 г. По Втората светска војна објави значајни спомени за сопругот (за декадата 1932-1942) и како соработник на Институтот за литература на БАН се пројави како плоден истражувач и публицист на неговата оставина. БИБ.: Спомени за Вапцаров, Софиџ, 1952, (2. изд. 1953 и 3. Допљлнено и преработено издание, 1972); Кратка биография на Вапцаров, зб. Никола ¯онков Вапцаров, Софиџ, 1947, 9-18; Когато милионите възкръсват. Спомени за Вапцаров, Софиџ, 1961; Никола Вапцаров. Летопис за живота и творчеството му, Софиџ, 1978; Никола Вапцаров. Съ=инениџ. Под редакциџта на Бојка Вапцарова, предговор от Христо Радевски, Софиџ, 1979; Никола Вапцаров. Ръкописно наследство. Съставител Бойка Вапцарова, Подготвили текста и коментара Бойка Вапцарова и Магдалена шишкова, София, 1982. ЛИТ.: Никола Ј. Вапцаров, Творби. Избор и предговор Гане Тодоровски, Скопје, 1979; Никола Вапцаров, Песни за Татковината. Собрани стихови. Подготовка и превод д-р Блаже Ристовски, Скопје, 1986. С. Мл.