БУЖАРОВСКИ, Димитрие

БУЖАРОВСКИ, Димитрие (Скопје, 8. Ⅷ 1952) – композитор, пијанист и музиколог. Освен како композитор, се пројавува и како изведувач, музиколог, педагог. Автор е на неколку десетини композиции за различни состави; еден од првите творци во Македонија кои ги прифатија и ги воведоа современите технички дострели и помагала во творештвото. Освен што се полистилистички, повеќето негови дела се пишувани со користење на дигиталните технологии и претставуваат синтеза на класичниот и електронскиот звук. Б. е редовен професор на ФМУ во Скопје, еден од покренувачите на Македонскиот музички совет и на Институтот за архивирање и ис-тражување на музиката (ИРАМ) при ФМУ во Скопје. Б. Орт.