БОРИС Ⅲ

БОРИС Ⅲ (30. Ⅰ 1894 – 28. Ⅷ 1943) – монарх на Царството Бугарија. На власт дошол на 3. Ⅹ 1918 година. Објавил манифест (21. Ⅳ 1935) и ја презел целокупната надворешна и воена политика, ориентиран за ревизија на версајските граници и за создавање голема Бугарија. На средбата со Хитлер (18. XI 1940) дал согласност за влегување на германските армиски единици во Бугарија. Во април 1941 г. Бугарија ја вовлекол во војната и таа окупирала и анектирала поголем дел од Македонија. ЛИТ.: Георги Марков, Българо-германски дипломатически отношения (1919– 1944), во: Българско-германски отношения и вързки, 3, София, 1981. М. Мин. Јозеф Борнмилер