БИСАЛТИЈА

БИСАЛТИЈА – област во Македонија по долниот тек на р. Стримон. Населението Бисалти живее западно и источно од р. Стримон, област населена од Одомантите и Едонците. Според најстарото сведоштво кај Херодот, така се нарекува областа околу градот Аргила (западно од Стримон). Тукидид ја спомнува во контекст на освојувањата на македонскиот крал Александар Ⅰ Македонски и проширувањето на државата до Стримон. Во областа се наоѓаат градовите: Берга, неидентификуваниот град Адријанопол, градот Евпорија (го спомнува Стефан Византиски) и др. По Македонско-римските војни (по 148 г. од ст.е.) Б. $ припаѓа на првата македонска област, т.н. прва меридија. ЛИТ.: Херодотус, 4 волс., Харвард Университѕ Пресс, 1960; Тхоуцидидес, 4 волс., Харвард Университѕ Пресс, 1958; Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. А. шук. Групата „Бис-Без“