БАБАМОВ, Петар (Скопје, 13. Ⅵ 1937) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1982 до пензионирањето во 2002) по предметите Технологија на бетонот и Бетонски и армиранобетонски конструкции. Магистрирал во ИЗИИС (1968), бил на студиски престој во САД (1974). Главно е ориентиран кон експериментални истражувања, бил консултант при изградбата на повеќе објекти во земјава, вклучувајќи ја и ХЕЦ „Козјак”. Активно работел во научностручни здруженија и бил претседател на Сојузот на градежните инженери на РМ. Љ. Т.