АРИЈАНСТВО

АРИЈАНСТВО – учење на свештеникот Ариј (ок. 260–336) од Александрија, христијанска секта што го прифатила и го ширела неговото учење. Аријанството ја одрекувало истоветноста и еднаквоста на Бог–Отец и Бог–Син, односно ја одрекувало божествената природа на Исус Христос, дека Исус Христос, синот божји, бил само сличен на татко му, но не бил ист и еднаков (рамен) со него, бидејќи бил создаден од него, односно, потекнувал од него. На Првиот вселенски собор во Никеја (325) аријанството било осудено како ерес, но продолжило да се шири, а на Вториот собор во Цариград (381) било одвоено од христијанската црква. ЛИТ.: Х.М.Гњаткин, Студиес оф Арианисм, Цамбридге, 1900; Р.П.Ц. Хансон, Сеарцх фор тхе Цхристиан Доцтрине оф Год: Тхе Ариан Цонтроверсѕ 313–381, Единбург, 1988. К. Аџ.