АРГОС

АРГОС (Аргос) – антички македонски град во Пајонија кај с. Водоврати (Видин Град) јужно од Велес, спомнуван во изворите од Хиерокле (Хиер. 641, 3) кој го сместува во римската провинција Мацедониа Сецунда, меѓу градовите Стоби и Астраион. Според еден натпис од Лете покрај градот во 119 год. пр.н.е. се одвивала борбата помеѓу Римјаните и Келтите. Откриениот натпис кај Водоврати, каде што се регистрирани остатоци од една пространа населба, со траги од фортификација од предримската и римската епоха, ја потврдува локацијата на овој град. ЛИТ.: Б. Јосифовска ДрагоевиÊ, Прилог локализовању града Аргоса у Пеонији, „ЖА”, 15, Скопје, 1965, 117–136; Ф. Папазоглоу, Лес виллес де Мацéдоине à л’éпољуе ромаине, Парис, 1999, 311–312. В. Б.-Гр.