АНТИГОН Ⅰ Едноокиот

АНТИГОН Ⅰ Едноокиот (Пела, 382 – ?, 301 пр.н.е.) – македонски војсководец од благородничко потекло, учесник во походот на Александар Македонски, еден од владетелите (дијадоси). Бил сатрап на Голема Фригија, потоа (331) и на Памфилија и Ликија. Војува во Мала Азија со остатоци од персиските војски и ја освојува Ликаонија. Тој и неговиот син Деметриј Полиоркет (роден во Македонија) се доминантни владетели на дел од Александровото царство. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. А. шук.