АНГЕЛОВСКИ, Никола

АНГЕЛОВСКИ, Никола (Коле) (Скопје, 14. Ⅲ 1943) – драмски и филмски актер и режисер. Дипломирал на Отсекот за глума на Театарската академија во Белград. Во Драмскиот театар е од 1968 г. Се истакнува со реализации во драмски и филмски комедии, а поНикола (Коле) Ангеловски себен интерес покажува за режии на претстави за деца што имаат антологиско значење. Позначајни улоги: Секула („Јане Задрогаз”); Рагби („Болва в уво”); Допчински („Ревизор”). Режии: „Солунски патрдии”; „Чук, чук Стојанче”; „Ревизор”; „Баш челик”; „шекспир во приказни” и др. Улоги во филмови: „Саша”; „До победата и по неа”; „Црвениот коњ”; „Собирен центар”; „Македонска крвава свадба” и др. Режисер е на филмот „Татко” („Колнати сме Ирина”) и на „Викенд на мртовци”. Р. Ст. Петар Ангеловски