АКСИЈ

АКСИЈ (Аџиос) – античкото име на р. Вардар, која ја спомнуваат повеќе антички литературни извори: Херодот, Тукидид, Плиниј и др. Најрано се спомнува во времето на Тројанската војна како „река што широко тече” (Хом., Ⅱ.ИИ844-850). Страбон (Страб. 7, 327, 329) кажува дека А. извира од регијата на Агријаните, кои се пајонско племе. Реката ја делела старата област Пајонија и потоа влегувала во Македонија во областа Амфакситида. Помеѓу 168 и 148 г. со римската управа ги дели двете од четирите мериди; втората останува на исток, а третата на запад од реката. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957, 58–62. В. Б.-Гр.