АЕРОП

АЕРОП (707/8 – 659 пр.н.е.) – брат на првиот македонски крал Пердика, основачот на македонската династија Аргеади. Според легендата (раскажана од Херо-дот) трите браќа, Пердика, Аероп и Гаван од гр. Арг доаѓаат во гр. Лебаја да работат кај кралот; оттаму бегаат и пристигнуваат во „друг дел на Македонија и се населуваат до таканаречените Градини на Мида (син на Гордиј). Откако го зазеле тоа место, браќата, тргнувајќи оттаму, преземале напади, па ги покориле и другите делови на Македонија”. Името на Аероп е епиграфски посведочено: А(е)иропос во Линкестида. ЛИТ.: Херодотус, И–ИВ, 4 Волс., Лоеб Цлассицал Либрарѕ, Харвард Университѕ Пресс, 1961; Херо-дот, Историја. Прев. Д. Чадикова, Скопје, 1998; Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997. А. шук.