АВРАМОВ, Никола (Лазарополе, 1856 – Серез, 1911) – зограф од родот Кошевски. Тој е син на Аврам Кошевски (1805–1880), за кого се помни дека работел во Егејскиот дел на Македонија. Н. Аврамов работел во Тетовско, Гостивар, Дебарско, Охридско и во Скопско. ЛИТ.: А. Василиев, Български възрожденски майстори, София, 1965, 244. В. П.-К.