ШУПЛИНОВА, Евгенија

ШУПЛИНОВА, Евгенија (Тополчани, Прилепско, 9. Ⅵ 1930) – поет, раскажувач, преведувач. Завршила средно образование. Работела како новинар во „Нова Македонија“. Член е на ДПМ од 1962 г. БИБ.: Грешница, поезија, 1960; Тагата на црвениот каранфил, поезија, 1962; Три облачиња, раскази за деца, 1964; Сончева патека, поезија за деца, 1969; Сонце на детските дланки, раскази за деца, 1970, Цинцилин, поезија за деца, 1972; Септемвриско сонце, поезија за деца, 1982; Златните пранги на гревот, поезија, 1988; Грешница, нови песни љубовна поезија, 1992; Моливчето го боли срце, поезија и раскази, 1994; Неспокој, поезија, 2003 г. и др. ЛИТ.: Венко Андоновски: Партитурата на љубовта, „Современост“ 3–4, 1998. П. Гил. Асен шурдов (Ведров)