ШУПЛЕВСКИ, Драган

ШУПЛЕВСКИ, Драган (Скопје, 19. Ⅶ 1933 – Скопје, 10. Ⅵ 2001) – диригент и композитор. Дипломира на Наставно-теорискиот отсек на Музичката академија во Белград (1959). Работи како наставник во Средното музичко училиште во Скопје (1960–1963), а потоа е шеф на Музичката продукција на РТВ Скопје (1963– 1966). До крајот на животот се наоѓа на местото професор на ФМУ во Скопје. Раководител е на речиси сите значајни хорски ансамбли во Македонија („Жикица Јовановиќ-шпанац“, „Развигорче“, Женскиот младински хор „25 Мај“, „Мирче Ацев“, Хорот на МРТ). Со нив постигнал извонредни успеси, остварувајќи голем број студиски снимки со дела од македонски композитори. Како композитор, своите творечки преокупации ги бара предимно во доменот на хорската музика, инспирирајќи се од ризницата на македонскиот музички фолклор. Автор е на книгата „Уметноста на хорското пеење“ (1999). Б. Орт. Евгенија шуплинова