ШОПОВА, Милка

ШОПОВА, Милка (Дебар, 1924) – редовен професор на ПМФ во Скопје по предметите анатомија и морфологија на растенијата и геМилка шопова нетика. Докторирала во 1961 г. во Скопје. Била на специјализација во Институтот Јохн Иннес Хартворд Хертс (Англија) кај познатиот цитогенетичар Дарлингтон, како и на студиски престој во Институтот за генетика при Универзитетот во Бирминген. Држела предавања од областа на цитогенетиката на Универзитетот во Мериленд, САД, и на Универзитетот во Краков, Полска. Објавила над 130 научни трудови, главно од областа на цитотаксономијата, мутагенезата и анатомијата на растенијата во голем број домашни и меѓународни списанија. Вл. М. Бојан шоптрајанов