ШОПОВ, Томислав (Струмица, 3. Ⅺ 1939) – диригент. Дипломирал диригирање на Музичката академија во Љубљана (проф. Д. швара), а специјализирал во Италија. Од 1970 до 2005 г. работи како диригент во Операта и Балетот на Македонскиот народен театар. Во меѓувреме (1985–1989) работи во неколку оперски театри во Турција (Истанбул, Анкара, Измир). Поставил и диригирал на оперската сцена на МНТ повеќе од 30 оперски и балетски дела (Травијата, Набуко, Љубовна напивка, Дон Карлос, Аида, Цар Самуил, Дон Кихот, Жизела). Настапувал на концертниот подиум како симфониски диригент. Гостувал во Италија, Русија, Полска, Германија. Ф. М.