ШКОЛКИ

ШКОЛКИ (Бивалвиа) – мекотели со черупка составена од два дела (капачиња), кои го покриваат и заштитуваат телото. Капаците се соединети со мускулест затворач. Името го добиле од лат. валвае = двокрилна врата. Тие се исклучиво акватични животни, живеат претежно во морските води, но ги има и во копнените. Познати се преку 20.000 видови, од кои голем број се фосилни. Во Македонија се среќаваат школки во копнени води што с“ уште не се доволно истражени. Регистрирани се 15 таксони (14 видови и 1 подвид); 3 вида и 1 подвид се ендемични – сите од родот Писидиум; три таксона се среќаваат во Охридското, а еден таксон во Преспанското Езеро. Најчест вид е Дреиссена полѕморпха Палл., која поседува триаголна, рабеста, жолтозелена черупка со кафеави брановидни линии. Во големи популации ја има во Дојранското, во Преспанското и во Охридското Езеро. школката Спхаериум цорнеум Л. се среќава во нашите копнени води, претежно во тињата и детритусот на блатата и на езерата. Во Дојранското Езеро се среќаваат видови од родот Унио кои поседуваат черупки со различен облик, од елипсовиден до издолжен, понекогаш и двапати поголем од висината. Во Охридското Езеро честа е обичната блатна школка (Анадонта цѕгнеа Л.). ЛИТ.: С. Г., Јаецкел, Њ., Клемм, Њ., Меисе, Дие Ланд унд Суссњассер Моллускен дер нордлицхен Балканхалбинсел, Абх. унд Берицхте аус дем Стаатл, Мусеум фüр Тиерк., Дресден, 1957, 23(2): 141-207; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.