ШЕСНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

ШЕСНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (с. Кучевиште, Скопско, 6. Ⅹ 1944 – 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ и НОВЈ. Била формирана од борци на Осмата прешевска НО бригада, од Дванаесеттата бујановска НО бригада и 120 борци на Скопскиот и шарпланинскиот НОПО. Била во составот на Кумановската дивизија (до првата половина на декември 1944) и водела борби против балистичките сили на Скопска Црна Гора, а со диверзии ја затворила за премин Качаничката Клисура. Го одбила нападот на балистичките сили (8 и 11. Џ), од заседа ги напаѓала германските колони на па-тот Скопје–Качаник (19, 20, 21 и 28/29 Џ) и учествувала во ослободувањето на Скопје. Била прогласена за ударна (декември 1944) и влегла во составот на Четириесет и втората македонска дивизија на НОВЈ, учествувајќи во пробивот на Сремскиот фронт. ЛИТ.: Димче Аџимитрески, Дејствата на 16. бригада на приодите на градот, „13 Ноември“, Ⅲ, 3, Скопје, 1964, 11 и Документи и материјали за ослободувањето на Скопје, Скопје, 1968, 246–251; Петар Јовчев, шеснаесетта МНОУБ, Скопје, 1994; Д-р Марјан Димитријевски, Македонската војска 1944–1945, Скопје, 1999, 129–131. С. Мл.