ШАХОВСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ШАХОВСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ (Скопје, 1972). Во септември&октомври 1972 г. во Скопје се одржан јубилејните ХХ олимписки игри за мажи со учество на 63 екипи од сите континенти, а првпат заедно е одржана и Ⅴ женска шаховска олимпијада со учество на екипи од 23 земји. шаховските олимпијади се организирани од Почесен одбор и Организационен комитет под покровителство на претседателот на СФРЈ Ј. Б. Тито. Медалите на ХХ машката шаховска олимпијада ги добија: златната СССР, сребрената Унгарија и бронзената СФРЈ. Југословенската репрезентација играше во состав: Св. Глигориќ, Б. Ивков, Љ. Љубоевиќ, А. Матановиќ, М. Мацуловиќ и Ј. Рукавина. На Ⅴ женска олимпијада медалите ги поделија СССР, Романија и Унгарија. Во времето на олимпијадите е одржан и 43-иот конгрес на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ), како и Првиот конгрес и турнир на шаховските проблематисти и Ⅵ конгрес на меѓународното здружение на новинарите (АИПЕ). По повод олимпијадите ПТТ на Југославија издаде две пригодни поштенски марки. ИЗВ.: Александар Матановиќ, шаховска олимпијада Скопје 1972, Бепград, 1972; Драган Петковски, ХХ јубилејна машка и Ⅴ женски шаховски олимписки игри Скопје 1972, Прилози кон историјата на спортот во Македонија, Скопје, 1994, 15&17. Д. П. ШАХПАЗОВ, Младен Панев