ШАРЕВСКИ, Чедо

ШАРЕВСКИ, Чедо (с. Леуново, Мавровско, 10. Ⅶ 1933 – Скопје, 9. Ⅵ 1995) – унив. професор. Завршил Висока школа за физичка култура во Белград (1959). Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1977) на тема: „Развој на атлетиката во СР Македонија од првите почетоци до 1975 г“. Хабилитирал на Факултетот за физичка култура во Скопје (1981) на тема: „Состојба на наставата по атлетика во основното и насоченото образование во СР Македонија и предлог на мерки за нејзиното подобрување“. По дипломирањето работел во Средното фискултурно училиште „Методија Митевски-Брицо“ (1959– 1965), во Вишата школа за физичка култура, на која го предавал предметот Атлетика (1965–1978), и на Факултетот за физичка култура во Скопје, на кој бил избран за виш предавач, а потоа и за редовен професор по предметот Атлетика (1978–1995) и прв декан на Факултетот (1978–1980). Бил врвен атлетичар, тренер, општествено-спортски работник и функционер. Објавувал стручни и научни трудови и е добитник на општествени признанија. Д. С. шарената Џамија во Тетово ШАРЕНА (АЛАЏА) ЏАМИЈА