ШАЛДЕВ, Христо Тр. (Гуменџе, Егејскиот дел на Македонија, 25. ⅩⅠⅠ 1876 – Софија, 2. Ⅱ 1962) – член, секретар и претседател на ТМОК и член-основач на МНЛД во С.-Петербург (28. Х 1902), учесник во Илинденското востание (1903). Се школува во Гуменџе, во Солун и во духовните семинарии во Цариград и Полтава, а потоа ја завршува Духовната академија во С.-Петербург (1901– 1905). Како бугарски стипендист и раководител на ТМОК во Русија, се пројавува како најжесток и кобен денунцијант на МНЛД пред бугарскиот егзарх и пред ЦК на ТМОРО во Солун. Подоцна во Софија е уредник на михајловистичките органи в. „ИлинденÝ“ (1924–1925) и сп. „ИлÓстрация ИлинденÝ“ (1934–1936). ИЗВ.: Хр. шалдев, Спомени, И-Ⅱ, – ракопис во АОИНИ, Сл. Ⅳ. 195/И-И; АОИНИ, Архива на ТМОК во Петроград и Киев. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И, Ск., 1978, 143–144. Бл. Р.