ЧУКАЛЕВСКИ, Вангел

ЧУКАЛЕВСКИ, Вангел (Битола, 20. И 1910 – Белград, 8. И 1983) – истакнат учесник во НОАВМ, воен пилот, висок офицер на ЈНА. Бил првоборец (1941), организатор на НОО во Битола, член на КПМ (1944), командант на Четвртата оперативна зона на НОВ и ПОМ, унапреден во чин мајор (1. Ⅶ 1944) и командант на Првата македонска НОУБ (8. Ⅵ – 25. Ⅸ 1944), прв помошник на началникот на ГШ на НОВ и ПОМ (од 25. Ⅸ 1944). Бил избран за делегат на Второто заседание на АВНОЈ и учесник на Првото заседание на АСНОМ. Одликуван од ВШ на НОВ и ПОЈ со Орден партизанска ѕвезда (септември-октомври 1944) и унапреден во потполковник (1. ⅩⅠⅠ 1944). По Ослободувањето се наоѓал на разни одговорни должности во ЈНА. ИЗВ. „Билтен“ на ВШ на НОВ и ПОЈ, Ⅳ, 44–45, септември-–октомври и бр. 46–47 од ноември-декември 1944. БИБ.: Како никна нашата бригада, Бригада на братството и единството, Скопје, 1958, 357–359. ЛИТ.: Илија Јордановски, Македонски пролетери. Прва македонска народноослободителна ударна бригада, Белград, 1971; Македонија од устанка до слободе 1941–1945, (Зборник радова), Београд, 1987; Прва македонска народноослободителна ударна бригада, Скопје, 1991; Д-р Марјан Димитриевски, Македонската војска 1944– 1945, Скопје, 1999. С. Мл.