ЧОЛАНЧЕСКИ, Васко Соломонов (Солун, Грција, 13. Ⅶ 1932) – торако-васкуларен хирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Работел на Клиниката за тораковаскуларна и срцева хирургија во Скопје. Завршил Мед. ф. во Скопје (1958), каде што и специјализирал општа хирургија (1964). Супспецијализирал торако-васкуларна хирургија и кардиохирургија (Њу Касел, Англија 1964–1965; Белград, 1972). Придонел во развојот на кардиохирургијата на отворено срце во РМ (заедно со И. Папо и Д. Кафтанџиев, ја извел првата операција на отворено срце во Скопје во 1973). Има публикувано повеќе од 150 трудови, бил во Редакцискиот одбор на „Ацта Цхирургица Иугославица“ (1972–1992) и ММП (1978–1985). БИБ.: Влијанието на хируршките белодробни зафати на статичкиот и динамичкиот вентилаторен капацитет, Скопје, 1986; Торакална хирургија, Скопје, 1994; Екстракорпорална циркулација, Скопје, 1995; Клинички повреди на граден кош, Скопје, 1995. М. шољ.