ЧЛЕНСТВО НА РМ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

ЧЛЕНСТВО НА РМ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ. По монетарното осамостојување, РМ вложува напори да обезбеди автоматски прием во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и во Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), како наследничка на членството на СФРЈ во овие институции. Како резултат на овие активности, на 21. Ⅳ 1993 г. Македонија официјално е примена во ММФ со статус на земјачленка од самото основање на ММФ (1944), а на 30. ⅩⅠⅠ 1993 г. Македонија станува членка и на Светската банка и нејзините афилијации: Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), Меѓународното здружение за развој (ИДА) и Мултилатералната агенција за гарантирање на инвестициите (МИГА). Веќе во јануари 1994 г. Македонија го склучува првиот аранжман со ММФ – т.н. СТФ (Сѕстем Трансформатион Фацилитѕ), со кој таа добива кредит за поддршка на платниот биланс. Во текот на 1995 г. ММФ $ одобрува на Македонија 13-месечен стенд-бај аранжман за поддршка на процесот на дезинфлација, како и за забрзување на структурните реформи во банкарскиот и реалниот сектор. Речиси истовремено, Македонија склучува аранжмани и со Светската банка. Во јули 1994 г., Македонија го склучува т.н. ЕРЛ аранжман (Ецономиц Рецоверѕ Лоан), а во 1995 г. го склучува и т.н.