ЧЕТИРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА МЛАДИНСКА УДАРНА БРИГАДА ДИМИТАР ВЛАХОВ

ЧЕТИРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА МЛАДИНСКА УДАРНА БРИГАДА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ (с. Митрашинци, Беровско, 17. Ⅸ 1944 – 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од околу 700 главно младинци од Беровско, Делчевско, Кочанско, Радовишко и Штипско и влегла во составот на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ. Водела борби против германските сили кај Виница, Градец и Зрновци (Кочанско, 18–20. Ⅸ), Делчевско и Штипско, на железничката линија ШтипВелес, на комуникацијата КочаниШтип, кај селата Горни Балван и Долно Трогирци (12. Џ), извршила напади на Кочани (17. Џ), Градец и Блаце (Кочанско, 20. Џ) и го ослободила Кочани (21/22. Џ), водела борби кај селата Бучишта и Трипотанац, учествувала во ослободувањето на Скопје и подоцна влегла во составот на Четириесет и втората македонска дивизија на НОВЈ (декември 1944). Откако била прогласена за ударна (јануари 1945), влегла во составот на Четириесет и осмата македонска дивизија на НОВЈ, со која учествувала во пробивот на Сремскиот фронт, ослободувањето на Винковци, Славонска Пожега и Загреб. Потоа учествувала во чистењето на теренот од заостанатите германски и квислиншки сили во бизјанското и козјанското подрачје (Словенија). ЛИТ.: Е. Тасковски и В. Картов, Четиринаесетта македонска младинска ударна бригада „Д. Влахов“, Одбор на 14-та македонска младинска ударна бригада „Д. Влахов“, Скопје, 1981; Евстати Тасковски, Борбените дејства на ⅩⅣ македонска младинска ударна бригада „Димитар Влахов“во завршните операции за ослободување на Македонија, Тетово и Тетовско во НОВ 1941-1945, Тетово, 1991, 109– 113; Евстати Тасковски, Учеството на Четиринаесеттата македонска ударна бригада „Димитар Влахов“ во борбите за ослободувањето на Скопје, Скопје во НОВ 1944–1945, Сеќавања на учесници во НОВ, Скопје, 1980, 631–639. С. Мл.