ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ (1944–1945) – воена единица формирана на 7. Ⅸ 1944 г. во с. Лисиче, Велешко. Во нејзиниот формациски состав влегле 3., 8. и 12. македонска бригада. Во втората половина на ноември имала 4.136 борци и старешини. Од средината на октомври 1944 г. влегла во составот на ⅩⅤⅠ корпус на НОВЈ. Дејствувала во широкото подрачје на Скопје, главно на комуникациите кон Велес. Дејствувала и по комуникацијата Скопје–Тетово против германските и балистичките сили. Нејзините единици го ослободиле Велес (9. Ⅺ 1944 г.), потоа учествувале и во ослободувањето на ври 1944 г. се борела на Косово. Во почетокот на јануари 1945 г. во нејзиниот состав влегле 3. и 16. македонска и 7. албанска бригада и 1. артилериска бригада, а потоа влегла во составот на ⅩⅤ корпус на НОВЈ. Се борела на Сремскиот фронт и во завршните операции за ослободување на Југославија. ЛИТ.: Боро Митровски, Петнаести (Македонски) корпус НОВЈ, Београд, 1983; Лексикон НОР и револуције у Југославији 1941–1945, Београд, 1980. В. Ст.