ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (Лисец, на пл. Плачковица, 24. Ⅶ 1944 – 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од Плачковичкиот НОПО, делови од Втората и Третата македонска НОУ бригада и од новопристигнати борци. Водела борби против бугарските сили кај с. Митрашинци, Беровско (14. Ⅷ), на пл. Плачковица (16. Ⅷ), кај Берово (23. Ⅷ), извршила напад на Виница (30. Ⅷ), а по борбите со германските сили – ја ослободила Струмица (9. Ⅸ), по што влегла во составот на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ (17. Ⅸ – средината на октомври 1944) и продолжила со борби со германските сили кај Струмица, селата Нова Маала и Амзали и по комуникацијата Струмица–Берово (22. Ⅸ – 3. Џ). Во содејство со други единици, го ослободила Берово (13. Џ) и продолжила да ги напаѓа германските колони во реонот на Голеш, кај Костурино, на комуникацијата Валандово-Струмица, а потоа ги ослободила Валандово, Удово и Дојран (7. Ⅺ), по што била упатена да ја затвори југословенскогрчката граница од Гевгелија до тромеѓето со Бугарија. ИЗВ.: ДАРМ, Скопје, ф. 4-та македонска НО бригада, 1944–1945; Зб. НОР, т. Ⅶ, кн. 3, Београд, 1954. ЛИТ.: Раде Гогов, Младост плачковичка, Четврта македонска народноослободителна бригада, Београд, 1971; истиот, Воените операции на Ⅳ македонска народноослободителна ударна бригада за ослободување на Струмица и Стумичко во НОВ од септември 1943 до 15 мај 1945 година, Струмица и Струмичко во НОВ 1943– 1945, Струмица, 1983, 151–165; истиот, Формирањето на 4-та македонска народноослободителна бригада и нејзините дејства во Кочани, Кочани и Кочанско во НОВ 1941-1945, Кочани, 1985, 368–379; истиот, Дејствијата на Ⅳ македонска народноослободителна ударна бригада за ослободување на Берово и Беровско од фашистичките окупатори, Малешевијата во НОВ и Револуцијата 1941–1945, Штип, 1986, 145–154; д-р Војо Кушевски, Радио-станицата на Ⅳ народноослободителна бригада, 50-та народноослободителна дивизија и Ⅲ брегалничко-струмички корпус на НОВ и ПО на Македонија, „Историја“, ЏЏЏИИИ, 1–2, Скопје, 1997, 31–49; доц. д-р Методија Манојловски, Четвртата македонска народноослободителна бригада, Скопје, 2004. С. Мл.