ЧЕТВОРКА

ЧЕТВОРКА (чифтелија) – жичен бордунски музички инструмент од персиско-арапско потекло, од фамилијата тамбури. Според обликот не се разликува од другите тамбури. Има четири жици, наштимани двогласно во два пара. На првите жици се свири главната мелодија, а на другиот чифт се бордунира. На неа се музицира соло, но почесто ги придружува народните песни. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 41. Ѓ. М. Ѓ. Четвороевангелие, ракопис од Слепченскиот манастир, Демирхисарско (1548)