ЧЕРНОПЕЕВ, Христо

ЧЕРНОПЕЕВ, Христо (с. Дерманци, Плевенско, Бугарија, 16. Ⅶ 1869 – Криволак, Неготинско, 5. Ⅺ 1915) – Бугарин, подофицер во бугарската армија (до 1899), илинденски војвода. Во ТМОРО бил придобиен од Г. Делчев, станал близок соработнк на Сандански, потоа кукушки војвода (од 1900) и војвода во Горноџумајско (1901–1902). Учествувал во пленувањето на мис Елен Стон и во Илинденското востание. Бил окружен војвода и раководител на Струмичкиот револуционерен округ (1903–1908), учествувал на Рилскиот конгрес (1905). Бил меѓу основачите на Народната федеративна партија и учесник во походот на Цариград (1909), но и член на ЦК на ВМОРО на Тодор Александров (1911), учесник во Балканските и во Првата светска војна, кога и загинал во битката кај Криволак. ЛИТ.: Движението отсамÍ Вардара и борбата сÍ вÍрховистит‹. По спомени на Âне Сандански, ЧернÏо ПеевÍ, Сава МихаиловÍ, Хр. КуслевÍ, Ив. АнастасовÍ ГÍрчето, ПетрÍ Хр. ÁруковÍ и Никола ПушкаровÍ, София, 1927. В. Ѓ.