ЧЕРНОЗЕМСКИ, Владо

ЧЕРНОЗЕМСКИ, Владо (с. Каменица, Велинградско во РБ, 19. Х 1897 – Марсеј, Франција, 9. Х 1934) – атентатор на михајловистичката ВМРО, ликвидатор на истакнати македонски дејци, како и на југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Вистинското име му е Величко Димитров Керин, Бугарин, шофер и саатчија во Софија, познат во ВМРО како „Владо шоферот“, со фалсификувани документи како „Величко Георгиев“ од Разлошко и како „Владо Димитров Черноземски“ и „Владимир Димитров Владимиров“ од Штипското село Патрик, а загинува под лажното име „Петер Келеман“, кога (во соработка со хрватското усташко движење) ги убива југословенскиот крал Александар и францускиот министер за надворешни работи Луи Барту, а го ранува генера-лот Жорж. Како професионален атентатор на В. Михајлов, тој е убиец и на познатиот македонски револуционер и публицист Димо Хаџидимов (12. Ⅸ 1924) и на илинденскиот крушевски револуционер и послешен протогеровист Наум Томалевски (2. ⅩⅠⅠ 1930). Опеан во народната песна како „херој македонски“. ЛИТ.: Блаже Ристовски, Македонската кауза. Реагирања полемики интервјуа, Скопје, 2003, 171–173; Вида Боева Попова, 70 години от сÍбитието в Марсилия, „Македония“, ЏЛИИ, 18, София, 25. Х 2004, 8. Бл. Р. Христо Чернопеев