ЧЕМЕРСКИ, Глигор

ЧЕМЕРСКИ, Глигор (Гиче) (Кавадарци, 9. Ⅲ 1940) – сликар, особено значаен претставник на новата фигурација во шеесеттите години, заслужен за афирмацијата на македонската култура во светот. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Бел-град (1965). Во штафелајното сликарство создава експресионистички дела, проникнати со поет-ски реализам и фантастика („Лудата Грета“, 1962/63, „Чувар на гнездо“, 1964, „Инстинкт за летање“, 1968). Подоцна се сосредоточил врз автохтона интерпретација на средновековната иконографија. Особено значајни се неговите монументални мозаични композиции „Топла земја“ (1971) во Стопанска банка во Скопје и „Споменикот на слободата“ во Кочани (1981). ЛИТ.: Борис Петковски, За творештвото на Глигор Чемерски; Стеван Станиц, С куполом од плавог неба, во: Глигор Чемерски (каталог), Скопје, 1987. С. Аб.-Д. Ангел Чемерски-Јануш