ЧАУСИДИС, Никос

ЧАУСИДИС, Никос (Ташкент, Узбекистан, 17. Ⅶ 1959) – археолог, унив. професор. Студиите ги Никос Чаусидис завршува во 1984 г. на Катедрата за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што ги завршува и магистерските студии (1992). Стручното издигање го почнува со истражување на археолошките локалитети во Македонија, за подоцна да им даде предност на компаративните проучувања на симболичниот ликовен израз на култните магиско-ритуални објекти и манифестации во паганските словенски и други митови и религии. Докторирал на истиот универзитет (2002) од областа на средновековната археологија. Работи на Филозофскиот факултет во Скопје како професор по Музеологија и занаетчиски технологии и Ликовна семиотика. БИБ.: Митските слики на јужните Словени, Скопје, 1994; Дуалистички слики – богомилството во медиумот на сликата, Скопје, 2003. Љ. Џ. Боро Чаушев