ЧАУЛЕ, Киро

ЧАУЛЕ, Киро (Охрид, 17. Ⅲ 1918 – Скопје, 3. Ⅲ 1983) – новинар, учесник во НОБ од 1941 г. Про-должувајќи ја семејната револуционерна традиција (син е на илинденскиот војвода Петар Чауле), уште како младинец се определува за Националноослободителното движење. Бил командант на Осмата велешка бригада (1944), член на првиот редакциски состав на „Нова Македонија“ во Скопје и внатрешно-политички известувач и коментатор. Од 1955 г. до пензионирањето бил уредник на Дописната редакција на Радио Скопје. Носител е на воени одликувања. Б. П. Ѓ. Петар Чаулев